Државната комисија за спречување корупција ќе ги испитува конкрусите во министерството за култура за добивање на државна помош за проекти.

Од ДКСК за Пресинг тв потврдуваат дека е побарана документацијата од министерството за култура и дека во следниот период ќе се испита конкурсот и начинот на кој се делеле парите.

Покрај тоа, Комисијата ги објави имињата на 18 роднини на јавни функционери за кој се поведува постапка за тоа како се вработени.

Меѓу нив се сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши, синот на пратеникот Мисовски, роднините на пратеничката Мира Стојчевска, како и за ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери