Премиерот Зоран Заев во рамки на Безбедносната конференција во Минхен се сретна со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Црна Гора пред Македонија стана членка на НАТО, а веќе се наоѓа во напредна фаза на преговорите со Европската унија.

На 55-то издание на Минхенската конференција за безбедност, посебно внимание е издвоено за заедничката дискусија за Република Северна Македонија и Република Грција на која како главни панелисти е предвидено да се обратат премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас