Истрагата треба да утврди како дошло до немилиот настан изминатата вечер кога на свадбена веселба од огнено оружје ранети се двајца, од кој едниот син на пратеникот од ДУИ, Џевад Адеми.

Веднаш по инцидентот едно од лицата е пренесено на Скопските клиники, додека другото било сместено во тетовската болница.

Првично, медиумите објавија дека пратеникот Адеми несакајќи го ранил својот син, пукајќи на свадба од пиштол. Но подоцна семејството на пратеникот демантираше дека нивниот син настрадал од куршум испукан од Адеми, тврдејќи дека тој настрадал од заталкан куршум.

„Станува збор за заталкан куршум од свадбена веселба, велат од семејството на Адеми и додаваат дека двете повредени лица се во добра и стабилна состојба.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.