Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје денеска излегоа со препораки до граѓаните поради загадениот воздух.

Тогаш кога концентарцијата на ПМ10 честичките во воздухот ќе надминат 100 микрограми на метар кубен, два дена по ред, како што појасни министерот за здравство Венко Филипче, тогаш се препорачува: да се ограничи движењето и активностите на отворен простор, посебно децата и хронично болните, да се зголеми внесувањето на храна која содржи анти-оксиданси, хронично болните редовно да ја земаат својата терапија.

Иако го претставува секторот здравството, министерот Филипче на прес конференцијата за новинарите потсети и на мерките против аерозагадувањето издадени од Министерството за животна средина.

Препораките кој ги соопшти министерот Филипче се препораки кои веќе се давани во годините наназад. Препораките се повторуваат без ништо не се преземе во пракса, реагираа присутните новинари во салата.

На иста линија со министерот Филипче и директортот на Институтот за јавно здравје доктор Драган Ѓорѓев. Тој вели дека секоја сезона ни носи слични концентрации на штетни честички, мерките се тие.

Веднаш по пресконференцијата на која беа соопштени препораки како граѓаните да се заштитат од аерозагадувањето со соопштение се јавија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие го обвинија министерот Филипче дека препораките се задоцнети, како што се вели во партиското соопштение, откако се наполниле клиниките со заболени луѓе кои имаат респираторни проблеми.