инистерот за надворешни работи Бујар Османи вели декакако основа на разговорите останува предлогот даден за време на германското претседателство, кој е сличен со тој на португалското, а што сега го презеде Словенија како актуелен претседавач со Унијата.

Јас кажав во неколку наврати дека португалскиот предлог е сличен на претходниот германски предлог, сличен го презема словенечкото претседателство, така да, за не се создаде конфузија чиј е предлогот кажуваме дека е предлогот на претседателството и сеуште предлогот на претседателството е основа за надминување на разликите покрај билатералните разговори што ги водиме двете страни по однос на надминување на разликите, вели Османи