Силни реакции на социјалните мрежи за изградбата на десеткатница кај „Мајчин дом“ во скопски Аеродром.
Жителите на скопската општина од рано утринава на социјалните мрежи постираат фотографии и видеа од багери кои ноќеска започнале со копање на парцелата кај Мајчин дом, каде според планот ќе се гради голем станбено деловен објект.
Механизацијата уште рано утринава почнала со расчистување на теренот.
Револтот на граѓаните е насочен кон градоначалникот Златко Марин кој во текот на кампањата за локалните избори бараше од неговиот претходник да го повлече планот за изградба на зелената површина во овој дел од населбата. Тие за денеска во 17 часот најавија протест и бараат оставка од Марин за неисполнетите ветувањa.
ВМРО-ДПМНЕ пред два дена го обвини градоначалникот Марин дека Златко Марин одобрението за градење го издал на 19-ти септември
Градоначалникот на Аеродром вината ја префрла на поранешното раководство. Вели, како општината сме законски обврзани да го процесираме предметот. Марин додаде дека ги разгледале сите можни правни механизми за спречување на градбата пред „Мајчин дом“.
Реагираа и од партијата ДОМ. Побараа градоначалникот Марин да ја стопира постапката за иградба и да си го исполни ветувањето дека ќе направи ревизија на ДУП-от кај Мајчин Дом, по принципот на општина Центар.
Comments are closed for this post.