Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, регистрирани се 565 нови случаи на коронавирус. Ова е највисок процент од 42,6 отсто заболени од почетокот на пандемијата. Битката ја изгубија 21 лице.

  • Починати шест пациенти од Скопје (45, 52, 63, 67, 68 и 84 години)
  • Починати пет пациенти од Тетово (69, 73, 75, 69 и 83 години)
  • Починато едно лице од Куманово (74 години)
  • Починати двајца пациенти од Велес (83 и 89 години)
  • Починати две лица од Богданци (75 и 85 години)
  • Починат еден пациент од Битола (79 години)
  • Починат пациент од Радовиш (71 година)
  • Починат пациент од Прилеп (61 година)
  • Починат пациент од Охрид (51 година)
  • Починат пациент од Штип (63 години)

Од Министерството информираат дека освен еден пациент кој е починат вон, сите други се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32.997, бројката на оздравени пациенти е 21.244, на починати е 1.025, а бројот на активни случаи изнесува 10.728.