Закажана е Комисијата за надворешна политика за утре во 11ч. Македонија мора да изгради заеднички став и национални црвени линии наспроти меморандумот на Бугарија!

Достоинството и самобитноста на македонскиот народ е европска културна и јазична вредност и затоа ЕУ треба да отвори преговори за членство без прифаќање на дополнителни уцени и притисоци, објави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, претседател на комисијата.