Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во рамки на посетата на Брисел се сретнал со Марко Зани, пратеник во Европскиот Парламент од партијата „Лега“ на Матео Салвини од Италија. На средбата како што се информира, Николоски ја истакнал потребата од што поскоро одржување на предвремени парламентарни избори во Македонија.

Марко Зани е член на највисокото раководство на „Лега“ на Салвини, а во исто време и Претседател на групата „Идентитет и Демократија“ – политичка група во Европскиот Парламент која брои 73 пратеници во Европскиот Парламент. Со господинот Зани Зборувавме за воспоставување соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Лега како политички партии, како и за потесна соработка помеѓу Македонија и Италија. На средбата го информирав господин Зани за актуелните случувања во Македонија, назадувањето на економијата, корупцијата, состојбата со владеењето на правото, како и предизвиците со кои Македонија се соочува.  Зборувавме за стратешкиот приоритет за интерграција на Македонија во Европската Унија. Исто така зборувавме за неопходноста од одржување предвремени избори и во Италија и во Македонија на кои граѓаните ќе го кажат своето мислење каде треба да се движи политиката и кој да ги води. На средбата заклучивме да ја продлабочиме соработката во следниот период и да оствариме партиски посети на Италија како и возвратна на Македонија“,  информираше на Фејсбук Николоски.