„Ние како ВМРО-ДПМНЕ се надеваме дека Македонија ќе добие датум и ќе почне преговори за членство со Европската Унија затоа што тоа е добро за сите граѓани, а после промената на власта која што ќе се случи брзо, една влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се фокусира на европската агенда за да ги надокнади овие изгубени години со владата на Заев и да може да се приклучи кон таа агенда и да ја однеси Македонија кон еден подобар живот и членство во Европската Унија“, изјави денеска во Брисел, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Николоски, Ѓорчев и Муцунски присуствуваат на Политичкото собрание на Европската Народна партија, кое е прво по завршувањето на европските избори.
„Се разгледуваше изборниот резултат и се констатира дека Европската Народна партија останува најголема партија во Европскиот Парламент која што се очекува да ја води идната Европска Комисија.Исто така се разговараше за претседателските избори во Македонија каде што сме многу среќни затоа што претседателот на Европската Народна партија Жозеф Дол потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има одличен резултат дека се бореше сама против една коалиција од 31 политичка партија и дека овој резултат гарантира победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори и формирање на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Имавме доста билатерални средби помеѓу другите остваривме средба со комесарот за проширување господинот Јоханес Хан, на која што поразговаравме за Извештајот на Европската Комисија како и за реформската агенда. За жал констатиравме дека кај владата нема доволно расположение за напредок во борбата против корупцијата, воспоставување на силен систем на владеење на правото и подобрување во економијата. Тоа се трите слаби точки кои што ја оддалечуваат Македонија од датум за почеток на преговори со Европската Унија“, рече Николоски.
Тој информираше дека се сретнале и со генералниот секретар на Европската Народна партија, Антонио Лопез Истуриц и разговарале за ината стратегија на партијата и за идните чекори на партијата во насока на освојување на следните парламентарни избори и формирање на влада.
„Господинот Истуриц даде силна поддршка за сите проекти кои што ги планира ВМРО-ДПМНЕ во следниот период, имаме силна поддршка од Европската Народна партија и тие проекти ќе бидат претставени во следниот период пред македонските граѓани, ќе значат изработка на една квалитетна програма, следена од квалитетни експерти и кадри кои што ќе дадат одговори на најголемите проблеми на македонските граѓани со кои што се соочуваат сега. Очекуваме поддршката од Европската Народна партија сериозно да придонесе кон создавање на една ваква програма“, истакна Николоски.
Comments are closed for this post.