Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за „Сител телевизија“ порача дека грижата за животниот стандард и егзистенцијата на граѓаните треба да биде приоритет, а не историски теми, се вели во партиското соопштение.

Јас малку повеќе би се грижел за државата и за стандардот. И додека ние разговараме за моштите на Цар Самуил од пред илјада и кусур години, тука граѓанинот тоне во сиромаштија, истакна Филипче.

Тој посочи дека граѓаните тешко врзуваат крај со крај, а платите не им се доволни да ги прехранат семејствата. Филипче нагласи дека, според неговата оценка, храната е поскапа од Германија, додека куповната моќ на граѓаните е исклучително ниска.