Денеска на Владата ќе биде предложено лекувањето на ковид пациенти во приватните болници во Македонија да се движи од 40.000 до 305.000 денари, објави на својот профил на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
Како што пишува Филипче, денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени се предлага цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување.
-Со измените во Законот, дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари. Државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид 19. Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја, пишува Филипче.
Тој ги повика сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид пацинети во приватните болници.
-Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат ова законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани, вели министерот за здравство.
Comments are closed for this post.