Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, одговарајќи на новинарско прашање за џипот од 74 илјади евра на Драги Рашковски денеска рече дека ќе биде пријавено во Финансиска полиција доколку секретарот на премиерскиот кабинет прикажал нереален анкетен лист.

– Доколку утврдиме ние разлика помеѓу имотот што е прикажан и месечните приходи што ги има, таков е нашиот закон, тогаш одиме чекор понатаму за испитување на имотот и тогаш нели се вклучуваат и други институции како што е Финансиска полиција. Они имаат посебни методи за истражување и тоа ќе си го докажуваат, рече првата антикорупционерка.

Претседателката на ДКСК, сепак, додаде дека за вакви ситуации е неопходно да се донесе закон за потекло на имот за сите граѓани врз основа на што тој бил стекнат. Ивановска додава дека со консултант од Советот на Европа започнал процесот за негова изработка.

„360 Степени“ објави дека Рашковски вози џип Волво ХС 90, кој не бил запишан во анкетниот лист. Џипот инаку вредел околу 74 илјади евра.