Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок во Брисел, Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка, обелодени поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, повикувајќи се на дипломатски избори од Брисел.

По однос на македонско-бугарските спорни прашања, неколку земји членки јавно ги искажале своите симпатии кон Македонија и оправданоста за почеток на преговорите без ставање на билатерални спорови како одредници, бидејќи земјата има добиено препорака уште од 2009-та година. Сепак по однос на последицата од наметнатиот спор, а тоа е одолговлекување на процесот на проширување на ЕУ, изгледа дека Бугарија не е осамена, туку има дискретна дипломатска поддршка од уште најмалку две земји членки на ЕУ. Истовремено, неколку ЕУ членки, меѓу кои се и Франција, Грција, Италија и Холандија се против усвојување на заклучоци и/или преговарачка рамка само за Албанија поединечно“, пишува Милошоски на фејсбук.

ДИПЛОМАТСКИ вести од БРИСЕЛ

📣Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок во Брисел, Бугарија ги блокирала 🔐 и заклучоците за…

Posted by Antonio Miloshoski on Wednesday, December 2, 2020

Тој посочува дека германското претседателство ја прекинало дискусијата заради немање на консензус и темата за проширувањето повторно ќе биде отворена на состанокот на COREPER на 7-ми декември.