Лидерот на Алијанса на Албанци, Зијадин Села, во интервју за Тв24, рече дека би сакал да биде во емисија со Зоран Заев за да се разјаснат некои работи околу настаните на 27 април пред три години, кога тој речиси беше убиен од толпа народ која влезе во Собранието.

Прашан како гледа на овие настани и како може сега да биде во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, тој рече дека се поставува прашањето која е улогата на Зоран Заев на 27 април, а не само на Никола Груевски.

Села го постави ова прашање испровициран од неодамнешното сведочење на Заев пред судот во кое од одговорност за крвавите настани во Собранитео ги ослободи Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.

Рече дека човекот кој му го спаси животот е осуден на 7 годишна затворска казна затоа што не ја спречил толпата да влезе во Собрание, а Заев го амнестира Вељановски и пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои ги отворија вратите и ја пуштија толпата да влезе внатре, пренесува порталот АКО.