Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја искоментира последната анекта во која опозицијата има стабилна предност пред СДСМ, и одбивањето на вицепремиерката Шекеринска да ги прифати резултатите.

-Тука ќе се сложам со Шекеринска.Реалноста е поинаква.Разликата е многу поголема од таа што е на анкетата, четири проценти вкупно и осум проценти кај Македонците.За некоја работа можеме и да се сложиме со СДСМ-објасни Мицкоски.

Тој додаде дека падот на СДСМ е очекуван и оти ќе ја  доживее судбината на некои нивни сестрински партии во соседните земји.