Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска објави дека ќе поднесат амадмани за Законот за јазици, во кој ќе бидат вметнати препораките од Венецијанската комисија. Тој ја повика власта да ги поддржи овие амадмани и еден неуставен закон да го направиме уставен.

Постојано укажував на тоа дека секој закон е исклучително важно да биде во согласност со Уставот и да е во функција на владеењето со правото.  Наспроти тоа добивме закон кој е правна дивоградба. И тој е таков затоа што пред се Зоран Заев манипулираше со чувствата на граѓаните и сакаше гласови со измама и тоа од Албанците. Значи тој беше спремен на компромис со правдата и правото само за да добие глас повеќе. Ова е тема со која Заев сакаше да ги прелаже Албанците во негов стил, за да ги добие нивните гласови, иако ние укажувавме дека законот освен тоа што е противуставен е и неспроведлив и не помага никому. Само не внесе и не заплетка повторно во нова дебата на стара тема во која има многу емоции и национални чувства, а особено имајќи во предвид со кого имаме работа, за очекување е тие да бидат злоупотребени во текот на изборите

 

Тој го нарече Законот за јазици „правна дивоградба“ и оти со неговото донесување Заев манипулирал со чуствата на Албанците и ги лажел.

Ако се одбие ќе се одбере популизмот во надеже за нови измами-посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повика Заев да се согласи да има кандидат за мандатар и тој што ќе загуби да се збогува со политиката.

Покрај тоа Мицкоски го повика Заев да не се плаши од предлогот амнестијата да не важи за политичари и оти сака да се скрие зад пратеничкиот имунитет бидејќи знае дека ќе ги загуби изборите.

Тој упати порака до  Заев и Шекеринскадека доаѓа ново време, а промените се на прагот и доаѓа нова надеж за нашата држава.

Затоа уште еднаш Заев го повикувам доколку верува во правната држава, доколку е за борба против криминалот и корупцијата, и доколку сака државата да оди напред, без двоумење да прифати измени на законот со кои ќе забраниме амнестија на политичари, а сите оние кои ќе бидат амнестирани да не смее да се занимаваат со политика. Да донесеме закон за испитување на потекло на имот на политичарите и нивните семејства, и сите оние кои се збогатиле неосновано на грбот на народот да бидат санкционирани, да прифатиме измени со кои ќе се знае кој ќе биде кандидат мандатар, а оној кој нема да ја добие довербата да се  збогува со политиката во Македонија политика. Воедно еве прилика да се излезе од голиот популизам и власта нека ги прифати амандманите на законот за употреба на јазиците, со кој ќе се направи законот уставен, применлив и нема да биде дискриминаторски кон останатите етнички заедници во Македонија.

Да ги тргнеме на страна политикантските и заобиколувачки одговори, да не се прават алиби, затоа што се гледа дека секој лицемерен потег на владата завршува со силен тресок на дното.

Време е да се даде нова надеж, да се направат промени и да се донесе обновата во Македонија