Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за време на неговата посета на Берлин и учеството на високиот дијалог кој го организира фондацијата Конрад Аденауер и десничарската германска сестринска партија ЦДУ, оствари средба со д-р Јан Хекер, советник на германската канцеларка Ангела Меркел за надворешна политика.

На средбата, како што стои во соопштението од партијата, било разговарано за актуелната политичко-економска состојба во Макеоднија и европските интеграции на земјава.

Во едночасовната средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакнал дека поради лошите политики на актуелната власт, ниска реализација на проекти, отсуство на реформи, криминал, корупција, не треба да бидат казнети граѓаните со недоделување на датум за преговори.

Претседателот Мицкоски говорел и за економската стагнација како и за потребата за забрзана имплементација на реформите кои би значеле повисок стандард на граѓаните.

Претседателот Мицкоски и членот на Извршниот Комитет Трајко Славески учествуваа и на панелот организиран од Кондрад Аденауер Штифтунг каде се говореше за гео-eкономската конкуренција и интеграцијата на Западниот Балкан.

По дискусијата било заклучено дека европската иднина на регионот зависи од одговорноста на политичарите, и дека Владите мора одговорно да пристапат на тој процес.