Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски, денеска се сретнаа со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар соопштија од Центарот за комуникации на партијата.

Мицкоски со Жбогар говореше за актуелната политичка ситуација во земјата, реформите кои се поврзани со Обвинителството и потребата за фер услови за демократски избори. Беше искажана загриженост за политизираноста на правосудниот систем, кој како што беше нотирано служи за политички прогон на неистомислениците на власта.

Мицкоски го запознал Жбогар со принципите кои ВМРО-ДПМНЕ ги вклучи во амандманите на Предлог-законот за Јавно обвинителство, а кои се базираат на меѓународните стандарди, кои ги гарантираат основните човекови права, кои се морална обврска за државата на патот кон ЕУ.

Било укажано и на крајната политизација на општеството и поделбата која ја прави власта.

Беа нотирани и однесувањата на власта со кои се нарушува демократскиот амбиент за фер избори, дека е присутна нервоза во власта и дека тоа нема да ги поколеба граѓаните“, се наведува во соопштението.