65 амандмани за законите за обвинителство од ВМРО-ДПМНЕ вчера вечер стигнале во Министерството за правда и денеска ќе се разгледуваат.

Утре во 18 часот преговарачките тимови повторно ќе седнат на заедничка маса во обид да ги испеглаат разликите.

Главен камен на сопнување на двете групи е околу статусот на СЈО, ВМРО-ДПМНЕ бара тој да се фузира со обвинителството за организиран криминал, додека СДСМ бара СЈО да остане независно но во рамките на Јавното обвинителство.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува власта да ги прифати нивните амандмани. Не откриваат што конкретно содржат амандманите, само повторуваат дека на македонското правосудство му се потребни вистински реформи кои ќе бидат во согласност со меѓународното право, праксата на меѓународните судови и конвенциите заштита на човековите права, а не фингирани реформи.

Власта вели дека ќе прифати се што не подразбира заштита на криминалот и е согласно Уставот и законите.

Со новиот закон, СЈО, ќе биде оддел во јавното обвинителство со јасни ингеренции“, вели премиерот Заев.

Во меѓувреме власта разговара и со помалите парламентарни политички партии.