„Обид за враќање на ’49 од минатиот век, цензура на медиумите и контрола на слободно и демократски искажаната вистина“, вака лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски го коментираше владиниот акциски план за борба против лажните вести и нападите врз демократијата.

„Цензурата не е европска вреност, но ве охрабрувам вас новинарите да ги информирате сите релевантни меѓународни институции, новинари без граници, за тоа што оваа реформирана комунистичка власт, мотивирана од едноумието на минатиот век сака да стори со слободната и демократска мисла во Република Македонија“, рече Мицкоски.