Како и што беше најавено, денеска се одржа протест за поддршка на Ел Чека кој од САД објавува разговори на социјалните мрежи, главно за функцинери на ДУИ.

Неговите приврзанци се собрааа пред плоштадот Скендер Бег со албански знамиња како и на ЕУ и САД, а повиците за собирот главно беа организирани на социјалните мрежи.

Албанските медиуми објавија дека пред протестот биле нападнати братот и мајката на Ел Чека, наводно од луѓе блиски на ДУИ.

Од Скендербег демонстрантите преку мостот „Гоце Делчев“ се упатија кон Владата извикувајќи „УЧК“.