Премиерот Зоран Заев денеска презентираше предлог за, како што го нарече, одлучна акција против ширење и дезинформации и напади врз демократијата.

Тој објасни дека дезинформациите се користат за манипулација на граѓните, мешањето во избори и оти Македонија е означена како земја на лажни вести посебно откако се откри дека во Велес се водени лажни веб страници кои ширеле дезинформации во САД.

-Затоа Владата ќе формира акциска група за борба против дезинформациите и нападите на демократијата како и процес на Национална стратегија за креирање на Национална стратегија за медиумска писменост во чии рамки ќе бидат офатени институциите, медиумите граѓанскиот сектор-најави премиерот.

Заев најави дека исто така ќе воведе јасни критериуми  за медиумите кои се акредитирани да ги следат владините настани и прес конференции, согласно новинарската професија.