Тешка сообраќајка се случи на раскрсницата на Булевар Србија и Трета Македонска бригада што води кон населбата Лисиче.

Во судирот  учествуваа Опел Корса и Мазда со скопски таблички. Патникот во корсата се здоби со лесни повреди и е пренесен во клиниката Јане Сандански.

Како што неофицијално дознаваме корсата се забила во маздата откако некој поминал на црвено. Од силината на ударот сите воздушни перничиња на Маздата се отвориле.

Полицијата во моментов врши увид и ги утврдува причините за сударот.