СДСМ пропаѓа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека сè послабиот рејтинг е јасен показател дека расипништвото, корумпираноста и неспособноста на Заев се прочитани.

Во соопштението од партијата се вели и дека на граѓаните им е преку глава од лошите политики, стагнацијата во економијата, руинираното здравство, закржлавеното образование, запуштеното земјоделство.

Граѓаните му веруваат на ВМРО, како единствена алтернатива која ќе ја извлече државата од апатијата во која не внесе Зоран Заев. Рапидното задолжување мора веднаш да запре. Недозволиво е Македонија да има над 5.3 милијарди евра јавен долг, а во исто време да бележиме пад на инвестициите и катастрофална реализација на капиталните инвестиции. 28% капитални инвестиции за 2/3 од годината е одлика на неработа, безидејност и некадарност. Немањето на откуп за земјоделските производи, ниските цени и лошата земјоделска политика резултираа со буништа полни со земјоделски производи, земјоделци во тага и изнемоштеност. СДСМ нема капацитет да ги запре негативните политики, ниту кредибилитет повторно да бара поддршка, да лаже и да ветува. Единствен начин државата да се исправи на вистинскиот пат е пад на Зоран Заев и СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека СДСМ паѓа и назад нема. Доаѓа време за обнова на Македонија.