Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со преговорите со Бугарија смета дека ќе следи нова национална катастрофа бидејќи преговараат двоецот Заев – Бучковски.

Јас не сум слушнал дека најавил нов можен договор, во текот на вчерашниот ден слушнав дека планот на активностите практично бил готов, мислам дека македонската јавност заслужува кој е тој план и активности, бидејќи од самиот почеток велиме дека нов документ, нов договор или анекс на договорот или меморандум за разбирање или не знам поинаку како ќе го нарече Заев, Димитров и Османи е на маса и е на барање на нашиот источен сосед. Треба час поскоро вие како медиуми треба  на македонската јавност да и го обезбедите текстот на овој план за активности, да видиме што опфаќа, затоа што според нашите информации, покрај идентитетските прашања коишто опфаќаат македонската традиција, македонските обичаи, македонскиот јазик, македонската историја, македонските дејци, македонските револуционери, има многу и бизнис работи би рекол коишто се дел од тој договор или план на активности којшто е на маса – вели Мицкоски.

Според него кога двоецот Бучковски – Заев преговара, тогаш се спрема нова катаклизма и катастрофа, економско цунами, но истовремено и национална катастрофа.  Тој порача дека треба да бидеме будни за овој период да не го искористат Заев и Бучковски за дораспродавање на тоа коешто малку остана за државата.