Нов удар за владата во Атина, но и со порака до Скопје, зададе екс-министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Тој од еден собир во Комотини искажа несогласување со процесот на уставните промени во Македонија.

Коѕијас и претходно имаше критики за овој процес, а овој пат истакна дека нацрт-амандманите скршнуваат од смислата на Преспанскиот договор.

Тој беше критичен и за внатрешните прашања, особено за уставните зикени и го криткуваше премиерот Алексис Ципрас за предлогот за избор на претседателот на Републиката.

Но, критиката на Коѕијас доаѓа по сичните пораки испратени од претседателот на Хеленската Република, Прокопис Павлопуос. Двајцата се фокусирани главно на амандманот кој се однесува на „македонскиот народ“ во странство односно во дијаспората.

Според Коѕијас, тоа значи дека Македонја „не го затвора прашањето со македонското малцинство во Грција“, а што според него е завршена работа со Преспанскиот договор. Значи ли ова различно читање на договорот? И зошто се гласни претседателот на државата и Коѕијас, кој е веќе аут од политиката, а Ципрас молчи?