До 2023 година треба да биде отворен граничниот премин „Маркова нога“ меѓу Македонија и Грција, а целиот проект, вклучувајќи ги сите неопходни инфраструктурни активности, се проценува дека ќе чини 4,6 милиони евра, соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Според него, допрва ќе се прецизира како ќе работи овој граничен премин, дали исто како останатите, но извесно е дека ќе располага со потребната инфраструктура.

 Средствата за граничниот премин ќе бидат обезбедени преку билатералната програма за прекугранична соработка 2014-2020 година, информира Бошњаковски.