Обвинителот Бурим Рустеми, кратко по доаѓањето во Вишото јавно обвинителство, дал позитивно мислење за да им се намалат казните на дел од осудените за насилствата на протестите за „Монструм“, кои се одржаа на крајот од февруари. Осудените на казна од една година затвор побарале, а Рустеми оценил дека е висока казната од една година затвор изречена на тројца од осудените, кои претходно признаа вина.
Нивната пресуда е правосилна, исто како и на уште едно лице кое е осудено на година и осум месеци затвор. Сите беа прогласени за виновни бидејќи сториле кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службени дејствија, а откако седум полицајци беа повредени на протестите, кога демонстрантите кон нив беше фрлано со разни предмети.„Беше дадено позитивно мислење по поднесените жалби за предметот за кој прашувате, водејќи се од вораста на осудените лица, фактот што истите имаат признаено вина и изразено каење за стореното кривично дело. веќе извршуваа притворска мерка во траење од повеќе од два месеци , како и поради тежината на кривичното дело, велат Вишото јавно обвинителство за „А1он“.
Comments are closed for this post.