Од Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) реагираат дека откако јавно се пожалија за мобинг врз дел од полициските службеници од Куманово, началникот на кумановското СВР почнал пресметка со синдикалните претставници.

Од Синдикатот упатуваат апел до министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност да преземат мерки за ставање крај на самоволието и малтретирањето што ги врши началникот на СВР Куманово.

Веднаш после ОВАА наша вчерашна објава од страна на „шерифот“ на СВР Куманово започна со пресметка на наши синдикални преставници.

 

Од тука ЈАВНО ГО ПОВИКУВАМЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ, ДИРЕКТОРОТ НА БИРОТО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ САШО ТАСЕВСКИ да преземат мерки се со цел ваквите постапки на малтретирање на нашите синдикални преставници ДА ПРЕСТАНАТ, со на секаков начин и неосновано поднесување на дисциплински постапки како притисок да се откажат од синдикатот.

 

Како Синдикат веднаш ќе побараме да го решите овој проблем, доколку и понатаму останете „неми“ ќе ги преземеме сите понатамошни дејствија и ќе ги известиме сите институции како во Република Македонија така и во странство.

 

Овој БЕЗОБРАЗЛУК И МАЛТРЕТИРАЊЕ НА СИНДИКАЛНИ ПРЕСТАВНИЦИ МОРА ДА ПРЕСТАНЕ. НЕМА ПОВЕЌЕ МОЛЧЕЊЕ‼️ Со ваквите постапки и вакво незаконско самоволие на овој началник, губите и Вие како Министер и Директор‼️

 

Началниче ДОСТА Е, ПРЕТЕРА – се наведува во реакцијата на Синдикатот на полицијата.