Власта ги прифати нашите барања за нацрт-амандманите за измена на Уставот, рече на денешната прес-конференција во собранието, координаторката на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа – Милевска.

Таа потенцираше дека барале амандман со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет во Уставот, со обврска на републиката да го штити културното и историското наследство на македонскиот народ.

Второто  барање било доколку Грција не го ратификува Договорот и повторно блокира, да има поништување на сите уставни амандмани,

За Македонија може многу да се направи само со „соработка, позитивна енергија и позитивна мисла, ни треба обединување“, порача координаторката.

Канческа информираше и дека до спикерот Талат Џафери,е поднесена иницијатива за формирање на собраниското тело за помирување.

Сериозно е ова тело и сериозно треба да се пристапи и сите да се вклучиме со цел да одиме во насока на помирување и во насока на зацврстување на односите. Очекувам дека ќе земат учество во телото и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата , рече Канческа Милевска.