Скопјанец што управувал автомобил „Фолксваген голф“ синоќа изгубил онтрола над возилото, излетал од коловозот по што се превртел.

При несреќата, 23-годишниот Е.Т. добил тешки телесни повреди поради што  е пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Несреќата се случила на улица „Јадранска магистрала“ во скопско Визбегово., каде што увид извршила екипа од СВР Скопје.