Осумтемина пратеници нема да гласаат за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.Ова го соопшти денеска на прес-конференција во Собранието, коордуинаторката на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Во пратеничката осумка се пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Елизабета Канческа-Милевска, Владанка Авировиќ, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмајловска-Старова и Емилија Александрова.

Инаку собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања, која треба да се расправа за пратеничкиот мандат на Груевски се очекува да биде закажана деновиве.

Кривичниот суд официјално го извести Собранието дека Груевски е осуден на правосилна казна затвор од две години.

Комисијата има по четворица членови од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ,  а деветтиот член е од ДУИ. Еден од членовите е и неодамна исклучениот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски.