Во Основното јавно обвинителство постојат сознанија за заканите за живот и следење на возачот кој го возеше автобусот во сообраќајната несреќа на 13 февруари кај Ласкарци, во која загинаа 15 луѓе, тврди јавниот обвинител,  Љубомир Јовевски.

Апелирам да се почитува претпоставката за невиност, особено во делот на заканите кон возачот. Обвинителството сé уште не го отвори случајот и не посочува никого како осомничен. Беа преземени повеќе мерки за да се утврдат причините за катастрофата. Истрагите се во тек. Обвинителството ќе ги собере доказите, ќе ги наведе причините и евентуалната одговорност на ова кривично дело. Сведоците се испрашуваат. Немаме податоци за тоа кој е одговорен за трагичната несреќа “, рече обвинителот Јовевски.