Законот за амнестија донесен во Собранието специјално за настаните од 27 април нема да ги опфати Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.“

Ова денеска на прес-конференција го кажа шефицата на обвинителството за организиран криминал, Вилма Рускоска.

Не сметам дека Законот за амнестија би бил било каква пречка. Таму стриктно е наведено дека Законот за амнестија не важи за организаторите“, рече Рускоска.

Според  Рускоска доколку вратите не биле отворени на 27 април немало да се случи крвавиот настан.

На распит во предистрагата за првиот предмет беа повикани двајца од сега осомничените, така да не сметам дека било што со тој распит и да бил извршен тогаш би се добило. Од тие причини сметам дека не е пропуст на обвинителот што не бил викант на распит. Сметам дека доколку не беа отворени вратите немаше да се случи крвавиот настан“, вели Русковска.

Според истрагата Никола Груевски како тогашен претседател на политичка партија преку медиум ги повикал граѓаните на протест заедно со другите обвинети и за таа цел ја ставил во функција целата партија. Во тоа му помагале уште двајца осомничени, екс министрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.

Доказите кои ги имаат за Груевски ќе се достават до судот за да се прошири барањето за екстрадиција.

Русковска очекува исто така дека Грција ќе го екстрадира Никола Бошковски.

За ова кривично дело не е помилуван и затоа очекувам позитивен одговор“, рече Русковска.

На заедничката прес-конференција со јавниот обвинител, Љубомир Јовевски, ниту Рускоска, ниту тој не говореа во детали за улогата на секој од осомничените поединечно, бидејќи како што рекоа, со тоа би ја  загрозиле целата постапка и истрага.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера почна истрага за гонење на пет лица кои се сомничат дека се организатори на настаните од 27 април. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Меѓу нив е и поранешниот премиерот Никола Груевски, како и избеганиот разузнавач Никола Бошкоски.

Вчера им беше одреден триесетдневен притвор за поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски кои се осомничени дека учествувале во организација и спроведување на насилствата во Собранието кои се случија на 27 април.