танува збор за граѓански мултимедијален настан со ди-џеи, со над 1.000 млади луѓе, со многу традиционални елементи, но и патриотизам.

Вака, некако, гласеше најавата за завршната манифестација на карванот „На прав пат“ на владејачкиот СДСМ, што се одржа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

И мора да се признае дека како наближува предизборието, така ќе се зголемуваат „ситните финти“ или спинови и на власта и на опозицијата околу (не)прифаќањето на се што се случи во меѓу периодот од последните и претстојните парламентарни избори. Така, на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му накалемија дека на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов го „прифатил“ договорот за добрососедство, што толку го напаѓаше заради неговата содржина.

Сега, пак, владејачкиот СДСМ излезе со излитена, веќе видена референдумска финта. За оние кои заборавиле, референдумското прашање за промена на името гласеше „Дали сте за влез во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“. Македонија како Македонија не можеше да влезе ни во НАТО ни во ЕУ ако не го сменеше името во „Северна“, ама тоа авторите на референдумското прашање не им одговараше, ја избегнаа додавката и остана само Македонија.

Нема ден патриотите од СДСМ да не го споменат „Република Северна Македонија“. И таму каде што треба, и таму каде што не треба, важно гебелсовски на луѓето да им ги дупнеш ушните тапачиња само за да им влезе во глава новото име. Но, зборувањето е едно, а пеењето нешто сосема друго. Па, така патриотизмот на дело беше манифестиран со песната „За многу години Македонци“ во кој се пее за Македонија, а не за „Северна Македонија“. Изгледа, ќе им треба нова песна, со новото име.