Бегалци во 2015, бегалци и во 2019 година – вака пишуваат денес грчките медиуми по вестите дека нов бран бегалци окупира грчки острови. Ситуацијата не е алармантна како пред четири години, но има знаци дека бегалскиот бран сериозно притиска. Од тие причини Владата во Атина се мобилизира, и за утре има закажано вонредна седница.

Според „Ефимерида“ ситуацијата драстично се влошила во изминативе неколку дена. Само вчера на островот Северен Лезвос пристигнале 13 чамци со вкупно 546 бегалци. Тие дошле со полициска придружба. Бегалци има и на островите Самос и Кос.

Експерти велат дека за разлика од 2015 година кога имало проток на бегалците, сега тие се практично заглавени – во прифатниот центар има вкупно 10.241 луѓе, а максимланиот капацитет за прифат е само 3.500 и ова се смета за „историски рекорд“.

„Кампот Мориа сега е најголем бегалски камп во Европа“, констатира „Ефимерида“.

За да се ублажи состојба околу 1.000 бегалци од Мора ќе бидат префрлени во камп во Нова Кавала.

Новата бегалска криза е резултат на попуштањето на една од браните во Турција. Поточно Истанбул повеќе не може да прима бегалци, таму се вече 500.000 па од тие причини лицата се решаваат да тргнат кон Грција. Од друга страна Турција на бегалците им даде краен рок да си заминат до 30 октомври, а тоа „е порака и до Грција и до ЕУ“.

За ова прашање грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас разговарал со турскиот амабсадор во Атина кого го повикал на разговори.

И Турција е под притисок, а самиот претседател Реџеп Ердоган изјави дека има притисок од Сирија, поточно од Идлиб од каде се очекиува нов бегалски бран.

„Бројот на бегалците е речиси двојно зголемен. Тие доаѓаат од север во нашата земја. Мораме да превземе акција“, рече Ердоган.

 

Κάτοικος της Συκαμνιάς μιλάει στη κάμερα του "Ν" για το χθεσινό περιστατικό

Κάτοικος της Συκαμιάς μιλάει στη κάμερα του "Ν" για το χθεσινό περιστατικό.Αναλυτικά το ρεπορτάζ: https://www.stonisi.gr/post/3816/meres-toy-2015-sth-skala-sykamias-updated

Gepostet von Στο Νησί am Donnerstag, 29. August 2019