На следната седница на Советот на Град Скопје ќе биде усвоен нов правилник за начинот и постапката на кои што ќе се вршат прекопувања на сообраќајниците во иднина. Праксата досега била, правните или физички лица кои инвестираат во градежни објекти, да склучат годишен договор со Град Скопје со кој се бара прекоп на улица, а градот бил должен тоа да го одобри.

Според новите правила, откако улицата ќе биде реконструирана на истата нема да смее да се врши прекоп 2 години.

Како што рече скопскиот градоначалник Шилегов, отсега на почетокот на секоја градежна сезона градот јавно ќе ги објавува улиците кои што ќе бидат предмет на реконструкција во текот на градежната сезона.

Крајната цел, рече Шилегов, е растоварување на сообраќајот и зголемување на ефикасноста на градежните активности со цел позитивно да се влијане на аерозагадувањето како и да се постигне дополнителна вредност на инфраструктурата на градот.

Во следните два дена градот јавно ќе ги објави улиците и булеварите кои ќе бидат предмет на реконструкција, а отприлика ќе бидат објавени и термините кога ќе се изведуваат градежните работи, посочи Шилегов.