Корисникот на социјалната мрежа Твитер, „Даре Џамбасти“ кој се претставува како познавач на градежни материјали и нивната квалификација кога станува збор за пожари истакна дека во изградбата на модуларната болница во Тетово биле користени високо запаливи материјали кои се вон сите стандарди за ваков тип на објект.

Типот на материјал се препознава преку црниот чад и огнените капки кои се карактеристични за полиуретански панели кои се од категорија Б2 и Б3 „фитиљ“ во услови на пожар.

Ваквите панели според него горат и ништо не може да ги угасне.

-Да се обидам најкратко што можам за вчерашниот пожар.. не дека повикан, туку во браншата ми е.
Постои нешто што се вика класификација на запаливост на материјали. А1 -незапаливи, А2-за нијанса позапалив, Б1-за упте една нијанса, Б2-Б3 – фитиљ.

Она што го видовме:

Црн дим, огнени капки е полиуретански панел од категорија Б2 или Б3. Полиуретанот PUR е инаку комбинација од полиол и изоцијанат или познато во секојдневието како Пурпена-дериват на нафта (?)* да се провери. Како и да е, гори и ништо живо не го гаси додека не изгори. Пример:

Никас месара илинден. Со одредени додатоци може да си добие ПИР -Б1 класа самогасив.
Муабетот ми е, јавни објекти не се прават со Б2 Б3 материјали. Нема држава пошто нема стандард пошто се нема познавање од основни работи.

ПС имаме 30+ спортски сали вакви, децата таму ни се, пишува тој на својот Твитер.

Oд видеото кое е споделено на социјалната мрежа Фејсбук се гледа дека буквално целиот објект на модуларната болница е опкружен со прстен од оган.

Токму ова видео индицира дека целата хоризонтала на цевки со кислорот се запалила одеднаш и ова е една од причината за големиот број на жртви во несреќата.

Се поставува прашањето дали воопшто имало сигурносни вентили кои во случај на несреќа треба да го сопрат доводот на кислорот и доколку имало дали тие воопшто профункционирале.

Сигурносните вентили се стандард кога цевка пренесува високо запалива материја како кислород која се користи за бренери, но и кога се пренесува друг високозапалив или токсичен гас.

Одговорност има во целиот ланец на команда од министер до директор на болница и за ваквите пропусти мора и кривично да се одговара.