Го видел ли некој Зоран Заев два дена? Освен неговите најблиски дома и соборците во партија тешко дека некој ќе може да се пофали дека го видел во живо човекот што се претставува како премиер.

По бедната прослава на Денот на независноста каде избега од народот, Заев мораше да отиде во Тетово и да се соочи со гневот на роднините кои живи изгореа во пожарот. Но, наместо тоа Заев реши да се крие и не само што не излезе пред блиските на настраданите туку збриша по скалите и не изусти ни збор пред новинарите.

А Заев должи многу одговори. Како тоа бизнисот со монтажните болници го добил неговиот довчерашен вицепремиер Анѓушев и пријателот од Валандово кој на Фејсбук се фали со слики со премиерот. Зошто не бил послушан екононскиот директор на болницата во Тетово кој единствен имал храброст пред пушттањето на модуларната болница дека не се запазени сите стандарди.

Многу зошто, но одговори од Заев нема.

Затоа го испрати на прес конференција министерот за здравство Филипче под чие владение умреа најмногу луѓе во Македонија. Филипче , со комбинација на надменост и страв рече дека нема да поднесе оставка и оти ќе ја чека истрагата.Го прашуваме министерот каква врска има моралната одговорност со истрагата.Истрагата може да покаже кривична одговорност, на за таа се надлежни некои други институции. Моралниот суд таму нема надлежност.

Нејасно е како на Заев и Филипче во главата не им одзонуваат звуците на настраданите како молат за помош и живи горат во објект што се нарекуваше модуларна болница.

А не толку одамна Заев токму несреќите ги користеше за себепромоција и за политички поени.

Да се потсетиме на неколку:

Најголемата полтичка корист Заев се обидуваше да извлече од случајот „Монструм“ каде на родителите на убиените момчиња им ветуваше дека ќе каже кои се убијците.Кога дојде на власт рече дека тоа биле само индиции но не и докази.

Заев се обидуваше да извлече политички поени и од поплавите во Стајковци обвинувајќи ја минатата власт дека е виновна за таа природна непогода.

Врв на хипокризијата на Заев кога во партија имаа едноминутен молк за смртта на малата Тамара. Сличен почит за пеплосаните во Тетово на Бихаќка не видовме.