Венко Филипче на денешното заедничко обраќање со министерката Радмила Шекеринска истакна дека и понатаму сметаат дека нема потребна од полициски час и дека сегашните мерки ќе дадат резултати.

Тој додаде дека денес на состанокот на Комисијата за заразни болести од 14 часот ќе се разгледаат и некои други мерки.

Ние и сега имаме забрана за работа на локалите по 21 часот, потоа забрана за групирање, со што сметам дека мерките ќе дадат резултати во следните недели, кажа Филипче.

Министерот истакна дека ниту една мерка, не може да даде резултати веднаш.