Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, утрово на гостување во „Студио 10“ во Телевизија 24, истакна исто така дека ако гледаме краткорочно за жал нема да ја добиеме оваа битка со Бугарија.

-Мислам дека на долг рок можеме да ја добиеме, но треба повеќе храброст, средување на домашните работи и добар лобинг надвор, посочи Александар Николоски.

Тој нагласи дека денеска ќе поднесат точка на дневен ред каде ќе бараат информација за текот на преговорите со Бугарија, како и изградба на Национална стратегија во однос на проблемот со Буагрија, затоа што, како што рече, власта не доаѓа на комисиска расправа. Вели, ќе бараме на пленарна седница да се изгради заеднички став и стратешки пат за идниот процес кој треба да е консензус од сите политички партии.

-Не е возможно таканаречениот нон-пејпер да излезе во Австрија, а да не го знае никој во Македонија, како е возможно во Бугарија и Каракачанов, и Захаера и Борисов да даваат по пет изјави дневно за ова прашање, а во Македонија да нема никаква изјава, како е возможно во Бугарија претседателката на опозиционата партија да биде за информирана и да имаат консензус во однос на прашањето со Македонија, а ние да дознаваме од вести, никој не не информирал за ништо, критикуваше Николоски.

Николоски истакна дека Заев е најголемиот експонент на бугарската политика во Македонија, како и тоа дека секаков компромис со историјата е загрозување на иднината на македонскиот народ.