Кичевецот  Ел Чека  синоќа на фејсбук објави нова аудио „бомба“, во која, наводно се слушаат гласовите на Фекри Ахмети, братот на Али Ахмети и Муса Џафери, поранешен функционер од ДУИ.

Според објавениот телефонски разговор, споменатите  лица зборуваат за тендер кој се однесува на ТЕЦ Осломеј, а се споменува и градоначалникот на градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари.

Интересно е што овој разговор се споменува Сами Укшини, алијас Командант Соколи, кој е во зaтвop.