Од свадба во болница. Десетина лица откако се затруле на свадба во Струга, се примени во тамошната болница.  Неофицијално причината била тортата, а Агенцијата за храна и ветеринарство испитува примероци за да ги утврди причините.

Гостите синоќа биле примени во болницата, со симптоми на дијареа и повраќање, по што биле пуштени на домашно лекување.

Случајот ќе го испитува и Центарот за јавно здравје.