И покрај непостигнатиот цензус на референдумот продолжува поддршката од грчката влада за Заев за спроведување на Договорот од Преспа. Според портпаролот на грчката влада Ѕанакопулос, Договорот е жив.
И двете страни, и поранешната југословенска Република Македонија и Грција, се решени да се борат за договорот да стапи во сила, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Њуз247”.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос го повтори ставот на грчкото МНР дека резултатот од референдумот е контрадикторен, но додаде дека „ако не греши референдумот имаше поголема излезност од на пример излезноста на претседателските избори”.
Мислам дека е во апсолутно правилна насока иницијативата на господинот Заев, дискусијата да ја пренесе во Собранието и да се обиде да го формира потребното мнозинство за уставната ревизија. Ние тесно ги следиме случувањата, ја поддржуваме иницијативата на господинот Заев, го поддржуваме обидот да го промени Уставот за да може и грчката Влада да го ратификува договорот за да стапи во сила, рече портпаролот на грчката Влада.
Comments are closed for this post.