Булеварот „Илинден“ во Скопје в недела ќе биде затворен за сообраќај на потегот од фонтаната „Лотус“ во градскиот парк до Сити мол, во периодот од 7.30 до 11 часот. Причина за затворањето на улицата е одржувањето на трката „Скопје трча 10 КМ – 2018“.

Како што информираат од Град Скопје, во тој период, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.

Возилата од јавниот градски превоз кои ја опслужуваат линијата 8, ќе бидат пренасочени по булеварот „Св. Климент Охридски“, а потоа по булеварот „Партизански одреди“. Возилата кои ја опслужуваат линијата со бр. 15А, ќе бидат пренасочени по булеварот „Партизански одреди“.

Автобусите од линиите 15, 15А и 19, а кои го опслужуваат терминалот на улица „Љубљанска“ ќе бидат пренасочени на терминалот на улица „Манапо“. Автобусите од автобуските линии 15, 15А, 19, 7 и 59 кои ќе го користат терминалот на улица „Манапо“ ќе продолжат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“ и потоа ќе продолжат по булеварот „Партизански одреди“.

Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација – се вели во соопштението од Град Скопје.