Автобус полн со патници се запалил на границата меѓу Македонија и Србија. Според првичните информации, станува збор за автобус со новосадски регистерски таблички кој патувал кон Србија. По инцидентот морало да интервенираат противпожарни единици.

Според изјави на очевидци, патниците, но и други луѓе што се нашле во близина панично бегале од местото каде што горел автобусот, поради страв од експлозија.