Откако Државната изборна комисија го утврди редоследот на учесниците на Локалните избори на гласачкото ливче, најдоцна до четврток на полноќ треба да биде објавена единствената листа на кандидати.
Партиите настапуваат самостојно или во коалиции во зависност од општините и постигнатите меѓусебни договори. На листата се наоѓаат и помали партии, коалиции и за првпат на овие избори има голем дел независни кандидати.
Првиот човек на ДИК, Александар Даштевски уверува дека личните податоци на граѓаните се безбедни, бидејќи се криптирани и можат да се прочитаат само со отпечаток на прст и лични документи.
Даштевски објасни дека се ангажирани и двајца нови подизведувачи околу безбедноста на софтверот.
Comments are closed for this post.