Високиот претставник за надворешна политика Жозеф Борел ги разби надежите дека Македонија може да почне преговори со ЕУ без да ги прифати бугарските барања.

Тој без никави ракавици ни порача дека патот до преговори води преку Софија како до пред неколку години што во водеше преку Атина.

Иако Борел добро знае дека Македонија и Бугарија не се еднакви во преговорите и оти Софија ја поддршката од Брисел тој повика на договор со Бугарија иако добро ги знае позициите на бугарските власти.

Договор со Бугарија е речиси невозможен освен ако не се прифатат нивните барања дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и оти Македонците до 1944 година биле Буари. Се разбира и за нив најважното прашање дека Гоце Делчев е Бугарин.

На сево ова Борел имаше кус одоговор.

Не можам да ви ветам датум но можам да ви ветам волја.

Значи ЕУ датумот се претвори во волја.Ова е чекор назад во евроинтеграцијата на Македонија од 2005 досега. Минатите претставници барем нив ветуваа датум за преговори, се разбира штом го го решиме спорот со Грција.

Со таква порака доаѓаа во Скопје и претходничката на Борел, Федерика Могерини и добро познатиот Јоханес Хан.

Датум за почеток на преговорите за земјава уште летово, а отворање на преговарачките поглавја до крајот на годинава-говореше Хан во 2019 година.

И претходниците на Хан не беа ништо подобри но барем го споменуваа клучниот збор „датум“.

Еврокомесарот за проширување Оли Рен во декември 2007, на прашањето кога Македонија ќе добие датум запреговори раскажуваше вицови за композиторот Јан Сибелиус. Кога во шест часот сабајле жената го прашала кога ќе си дојде дома, Сибелиус ѝ одговорил: „Драга моја, јас не сум претскажувач, јас сум композитор“.

Подзаборавениот комесар за проширување Штефан Филе пак измисли некаков Пристапен дијалог на високо ниво кој требаше да помогне што поподготвени да го дочекаме датумот.

По сево ова, ЕУ не треба да се чуди што кај македонските граѓани се намалува ентузијазмот за членство. Македонија е се подалеку од ЕУ ,освен можеби за оптимистот Бујар Османи.

Тој лабаво си промовира ново лого каде вели дека „Сега бил редот на ЕУ и оти и сонцето е звезда“.

Сонцето можеби е звезда но она македонското тешко дека во догледно време ќе се завиори во Брисел,министре Османи.