Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50% е на дневен ред во Собранието денеска. ВМРО-ДПМНЕ ја повика власта да го прифати предлогот за намалување на акцизата на горивата за 50%, а „не да брка дневен популизам“.

Намалувањето на акцизата за 50% ќе влијае за намалување на трошоците за производство во земјоделието, индустријата, но и ќе влијае позитивно врз буџетот на граѓаните. Во последните година ипол цените на горивата поскапеа и до 100%. Единствен начин да се спречи спиралата на поскапување е намалување на акцизата на горивата за 50%. Квази мерката на СДСМ со која цените на горивата се намалуваат за 30% не е доволна, образложуваат од опозициската партија.